Победничката низа на Наполи продолжи и денеска во натпревар од 8. коло во Серија А. На домашен терен  наполитанците на Спалети го „преслушаа“ Торино совладувајќи го со 3:1.

Одлуката за победникот падна уште во периодот од 37 минути во првото полувреме, кога Наполи направи убедлива предност од 3:0. Двапати стрелаше Ангиса, а еднаш и Кваратскелија за предност која значеше и победа.

Гостите до полувремето успеаја да погодат за 3:1, но во второто полувреме останаа без реализација.Елиф Елмас беше резерва и доби шанса во последните 10 минути.

Наполи е лидер во Серија А со 6 победи и две ремија во досегашните 8 кола.

Standings provided by SofaScore