Поранешниот првак Работнички собра две победи во низа, па деби со триумф имаше новиот тренерски тандем Милан Илиевски-Баже Илијоски, откако „романтичарите“ со 3-1 ја совладаа Брегалница во Штип.
Во натпревар за кој допрва бурно ќе реагираат штипјани за ситуациите околу пенали, Работнички во последните 14 минути од мечот со два гола дојде до својата трета сезонска победа и сега со 10 бода дојдоа до седмото место на табелата во Првата лига.
Крсте Велкоски во 25-та минута даде гол од пенал за водство на Работнички, откако претходно штипјани реагираа на недосуден пенал за нив, па Брегалница преку Марјан Алтипармаковски промаши пенал во 60-та, но Милан Ѓокиќ израмни три минути потоа.
Анес Рушевиќ во 76-та ја врати предноста за дебармаалци, а Велкоски минута пред крајот ја завери победата.
Брегалница остана на 11 бода на петтото место