Најтрофејниот македонски клуб Вардар се остана сам на првото место на табелата во Втората лига после денешната победа со 2-0 против Локомотива, а Воска спорт ремизираше во дербито на колото во Битола кај Пелистер (1-1).

Јован Попзлатанов и Ненад Мишковски во првото полувреме постигнаа по еден гол за Вардар да дојде до сигурно водство, па само рутински црвено-црните го одработија вториот дел за да ја запишат петтата сезонска победа и сега со 16 бода се сами на првата позиција, откако до ова коло беа бодовно израмнети со охриѓани.

Изаир Емини во 92-та минута ја спаси Воска од пораз кај Пелистер, кој уште од првиот дел имаше водство со гол на Христијан Драгарски, имаше и шанси за да ја осигури победата, па потоа дирекот еднаш ги спасуваше, а еднаш од офсајд се спасија од гол две минути пред Емини да израмни.

Победи и Гостивар кој славеше минимално во Виница кај Слога со 1-0 со гол на Муарем Муарем, па сега гостиварци бодовно се израмнија со Воска.

ВТОРА ЛИГА,

Арсими – Борец 9-0

Беласица – Беса 1-0

Пелистер – Воска 1-1

Слога Виница – Гостивар 0-1

Тетекс – Саса 0-2

Вардар – Локомотива 2-0

Кожув – Караорман на 12 октомври

Охрид – Детонит Плачковица на 12 октомври

ТАБЕЛА: Вардар 16, Воска спорт 14, Гостивар 14, Пелистер 11, Детонит 10 (-1), Арсими 9, Беласица 8, Беса 8, Кожув 8 (-1), Тетекс 7, Слога Виница 6, Каменица Саса 5, Караорман 4 (-1), Локомотива Пехчево 3, Борец 0.