Челзи во следниот преоден рок ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Реал, Едер Милитао. Лондонскиот клуб е во потрага по нови играчи во бековската линија бидејќи во јули ќе ги нема Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и Цезар Аспиликуета кои влегоа во последните шест месеци од договорот.
Мадридски АС тврди дека Томас Тухел, менаџерот на Челзи побарал од менаџерот на лондонскиот клуб да го донесе бразилскиот стопер. „Челзи ќе стапи во контакт со Реал за да ја исполни желбата на Тухел. Милитао има една од најниските плати во тимот од Мадрид. Ова ќе биде тешка задача бидејќи лесно може да добие покачување во Реал“.
Милитао пристигна во Реал во 2019 година од Порто за 50 милиони евра. Прво беше резерва, но потоа се проби во првиот тим и стана еден од клучните играчи на Реал. Според Трансфермаркт, тој вреди 60 милиони евра, а оваа сезона е играчот со најголема минутажа во Реал.