Каталонците испаднаа од Лигата на шампионите и се далеку од врвот во Шпанија, поради што деновиве беа ангажирани Феран Торес, Адама Траоре и Пјер Емерик Обамејанг, нешто порано потпиша и ветеранот Дани Алвес. Но, тренерот Чави Ернандез сега има проблем да одбере кои од нив ќе може да ги регистрира за средбите од Лига Европа, бидејќи секој клуб има право дополнително да пријави само тројца фудбалери.
Информациите од Каталонија велат дека најверојатно ќе испадне Обамејанг, со оглед што дојде последен, но и што изминативе два месеци не беше во играчки ритам, со оглед што беше исфрлен од првиот тим на Арсенал од страна на тренерот Артета.