Кристина Вита Арнада, поранешна манекенка и сопруга на парагвајскиот фудбалер, Иван Торес, била убиена на концерт во Сан Бернардино, откако била застрелана со куршум во глава пред очите на нејзиниот маж.

Медиумите пишуваат дека Торес и неговата сопруга биле на концертот, каде што избил хаос и почнала пукотница во која настрадала 29-годишната девојка.

Торес се обидел да ја однесе неговата сопруга во болница, но таму докторите не можеле да ѝ помогнат, туку само констатирале смрт.

Освен поранешната манекенка, на концертот биле повредени уште пет лица, а едно лице загинало на лице место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristina Aranda (@vitaaranda)