За помалку од 24 часа се продадени 65.000 билети за натпреварот меѓу женските фудбалски репрезентации на Англија и САД, кој ќе се одигра во октомври на „Вембли“ во Лондон.
ФA на Англија соопшти дека натпреварот меѓу европскиот шампион Англија и светскиот првак САД ќе се одигра на 7 октомври на „Вембли“, доколку англиската репрезентација избори пласман на Светското првенство во септември.
„Вие сте неверојатни, веќе се продадени 65.000 билети за нашиот октомвриски натпревар против САД“, се вели на Твитер профилот на женската репрезентација на Англија.
Сајтот преку кој се продаваа билети во вторникот накратко падна поради преголема оптовареност.
Женскиот фудбал е се попопуларен во Англија, особено откако националниот тим во неделата го освои трофејот на Европското првенство, славеше по продолженија со 2:1 против Германија на „Вембли“. Натпреварот го следеа 87.192 навивачи.