Нешто такво се случи викендов во Узбекистан и тоа на мечот помеѓу Буншој, екипа за која своевремено играа легендарните бразилски фудбалери Ривалдо и Денилсон и Андијан. При еден прекин, првотимецот на гостите Исмоналијев повеќе на шега го удри противничкиот играч Тоиров. Тоа го виде малку збунетиот судија Асимов, кој веднаш му пријде на Исмоналиев и му покажа црвен картон. Тоа не го виде Андијана Бекмуродов, кој му пријде на својот соиграч Тоиров, го турна на земја во обид да го изнуди веќе покажаниот црвен картон, па дури и го шутна додека се грчеше на теренот.
Оваа сцена стана вирална, поради што узбекистанскиот клупски фудбал повторно беше во центарот на вниманието, но сега не поради светската ѕвезда Ривалдо. Андијан на крајот победи со резултат 5-1.