Tеун Копмајнерс беше стрелец на два гола против Јувентус и е најзаслужен што Аталанта освои бод на тешкото гостување во Торино, а начинот на кој го отвори дербито беше убедливо најубав момент на мечот.
Мајсторијата на гостите е само еден од низата извонредни потези кои ги видовме во Италија овој викенд, а Гасперини призна дека е горд на постигнатиот гол поради тоа што акцијата била вежбана на денешниот тренинг.
– Бевме блиску до ваква акција на други натпревари во Серија А, но денеска ја тестиравме на утринскиот тренинг и испадна како што треба. Имавме неколку алтернативи, но момците ја избраа најдобрата, – изјави тренерот Гасперини.
Акцијата од слободен удар погледнете ја ТУКА