Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ го предводеше тимот во натпреварот од 36. коло во Серија А, само шест дена откако беше пуштен од болница.
Српскиот стручњак беше насмеан пред почетокот на мечот во Венеција, а во тие моменти не можеше ни да замисли што ќе види во следните час и половина.
Болоња загуби, а по натпреварот Михајловиќ имаше замерки за пеналот што судијата Маринели го досуди за Венеција во 19. минута, кога Венеција го постигна вториот гол на натпреварот.
– Ако досудите таков пенал, треба да има по 20 по натпревар – изјави Михајловиќ.
Михајловиќ ја спомена и ситуацијата која се случи по натпреварот кога судијата „побегна“ во соблекувалната.
– Ако ВАР ве контактира, тоа значи дека нешто не е во ред. Се гледа дека судијата се чувствува виновен. Загубивме поради наша вина, но тој пенал ни ги „отсече нозете“ и не направи нервозни. Речиси секогаш ни се случува.
Синиша во негов стил го прокоментира фактот дека Венеција има 2:0, а подоцна неговиот тим бил блиску до победа.
– Цела недела зборував за тоа дека на натпреварите против Милан, Интер и Јувентус бевме мотивирани. А сега, мислевме дека ќе биде лесно. А за денеска? Ќе беше подобро да останев во болница – заклучи Синиша Михајловиќ.