Салернитана беше на чекор до нова победа во Серија А, но Калјари се спаси со голот во 99. минута (1-1) и остана во игра за опстанок во елитата.
Верди од пенал во 68. минута погоди за водство на Салернитана од 1-0, по што Рибери заработи црвен картон надвор од теренот, а слична судбина доживеа и Радуновиќ во 73. минута на спротивната страна.
Алтаре беше херојот на Калјари бидејќи во 99. минута ја затресе мрежата на домаќините и му донесе голем бод на својот тим.
Салернитана има 30 бодови на 17. позиција на табелата, односно еден повеќе од Калјари и два повеќе од Џенова на две кола пред крајот на сезоната.