Францускиот фудбалер Антони Марсијал до крајот на сезоната ќе игра во Севиља како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.
Марсијал ги заврши лекарските прегледи во Шпанија откако двата клуба се договорија за условите за позајмица.
Французинот одигра 269 натпревари за Јунајтед и постигна 79 гола откако дојде во клубот во летото 2015 година.
Марсијал (26) кариерата ја започна во Лион, а пред да се пресели на Олд Трафорд го носеше и дресот на Монако.