Динамо и Лудогорец вечерва на Максимир го одиграа реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Откако Динамо го доби првиот натпревар со 2:1, вториот заврши со резултат 4:2. Со тоа Динамо го доби плеј-офот од Лигата на шампионите во кој ќе игра против норвешкиот првак Бодо/Глимт. Исто така, треба да се нагласи дека Лудогорец доби дури три црвени картони. Јанков, Рик и Карниќник предвреме ја напуштија играта.
По мечот изјава даде македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, асистентот на Динамо за првиот гол: „Бизарна игра? Зошто бизарна? Фудбалот е таков, се игра деведесет минути. Го потврдивме местото во Европа, се надевам дека ќе се пласираме во групната фаза од Лигата на шампионите. Му честитам на мојот тим. Во сабота нè чека уште еден тежок натпревар. Денес победувате, но утре треба да започнете одново.”
На прашањето за следниот европски противник, тој рече: „Ќе анализираме, но за тоа подоцна. Прво го имаме Хајдук, квалитетна и опасна екипа. Да, ја напуштив играта поради жолт картон, но на крајот се заврши добро.”