Лондонскиот клуб има санкции поради газдата Роман Абрамович, па имотот на екипата е „замрзнат“, а новинарите ги интересираше како ќе патуваат „сините“ до Франција.
„Последната информација која ја имам е дека ќе одиме со авион. Алтернатива е воз, а ако не можеме ни така, тогаш ќе тргнеме со автобус. А ако не успее ниту тоа, тогаш јас ќе возам комбе“, вели Тухел.