Овој резултат најверојатно ќе доведе до разделба со тренерот Иван Јуриќ, кој не успеа да ја подобри ситуацијата откако дојде со цел да ја стабилизира екипата. Домаќинот поведе преку Тенгстет во 13. минута, но Рома по петнаесетина минути израмни со голот на Суле. Верона, сепак, ја врати предноста во 34. минута со голот на Мањани, за 2-1.
Довбик во 53. минута вторпат го израмни резултатот, одржувајќи ја неизвесноста до самиот крај. Но, Абду Херуи во 88. минута постигна трет гол за тимот од „градот на љубовта“, и обезбеди значајна победа, продлабочувајќи ја кризата во таборот на Рома.
Римјаните сега се дури на 11. позиција на табелата во Серија А со 13 бодови, еден повеќе од Верона која има четири победи и седум порази.