Габонецот редовно постигнува голови и ја врати својата врвна форма како од претходните сезони. Сега Каталонците се заинтересирани и за неговиот поранешен партнер од нападот на Арсенал, Александер Лаказет.
Французинот во јуни ќе биде слободен агент, бидејќи му истекува договорот со „топчиите“, па Барселона ќе се обиде да го намами на „Камп Ноу“.
Шпанскиот гигант веќе заврши два големи потписи исто така без обештетување, бидејќи ги договори Андреас Кристенсен од Челси и Франк Кеси од Милан.