Екипата на Реал Мадрид го победи Алавес на гости со 0-1 и ја заврши 2023 година на врвот на табелата во Ла Лига. „Кралевите“ сега имаат 45 бода, исто колку и второпласираната Џирона, но со подобра гол-разлика.

Многу тежок натпревар беше ова за тимот на Карло Анчелоти, посебно откако остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Начо во 54.минута поради груб старт.

Но, и со десетмина фудбалери, Реал се обидуваше да стигне до триумф. Тоа му успеа на кралскиот клуб дури во самата завршница од дуелот. Во 92.минута, корнерот го изведе Крос а Лукас Васкез со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Алавес.

Во натпревар од 18. коло во Примера, екипата на Мајорка со минимални 3-2 го совлада составот на Осасуна. Стрелци на головите за екипата од Балеарските острови беа Настасиќ, Родригез и Раило, додека за гостите погодија Ибанез и Раул.

Ла Лига продолжува на 3.јануари.