„Кралскиот клуб“ славеше со 91-75, но конечниот резултат можеше да биде и многу повисок и не го отсликува најточно она што се случуваше на теренот затоа што, Реал можеше да оствари многу поубедлива победа. Во третата четвртина, предноста изнесуваше и 27 поени разлика, а Партизан го затвори мечот со серија од 7-0 со која се спаси од потешка бламажа и срамота.
Босанецот Џанан Муса беше најефикасен играч на дуелот со 23 поени од кои 16 во првите 15 минути. Бразилецот Кабокло беше предводник на Партизан со 18 поени, но главната работа Реал ја заврши во одбраната на Пантер кој беше задржан на само четири поени за 23 минути во игра но извонредна одбрана имаше и во својот рекет.
Со овој пораз, Партизан ја прекина серијата од пет победи во Евролигата и вкупно девет ако се сметаат сите натпреварувања во кои учествува. Тоа го искористи Валенсија која со триумфот против Виртус се израмни со белградскиот тим, а истото утре можат да го направат и Панатинаикос, Монако, Фенербахче и Басконија.
РЕЗУЛТАТИ
Макаби – Црвена Звезда 92-98
Валенсија – Виртус 79-71
Реал – Партизан 91-75