Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа со гол во 92. минута стигнаа до победа на гостувањето кај Алавес, а домашниот тренер Луис Гарсија Плаза буквално не побесна.
Малку фалеше Алавес да остане непоразен во дуелот со Реал Мадрид и да освои значаен бод, но тоа не се случи бидејќи примија гол во судиското продолжение.
По примениот погодок тренерот Луис Гарсија Плазаимаше невидена реакција. Почна да беснее крај клупата, да шутира сѐ што е пред него, а настрада и член на тимот кој беше на клупата, кого го фати да го дави за вратот.