Австрискиот репрезентативен голман Јан Зомер влезе во историјата на германската Бундеслига, откако вчера не дозволи Борусија Менхенгладбах да загуби во Минхен кај недопирливиот Баерн, со ремито 1-1, во кое Баварците имаа дури 35 удари кон голот.
Зомер собра неверојатни 19 интервенции од кои 11 со удари во шеснаесетникот и за пет удари го надмина досегашниот рекордер Александер Шволо, кој во јануари како голман на Херта имаше 14 интервенции против Баерн.
Баварците со гол на Лирој Сане успеаа да се спасат од пораз, кога единствен пат потклекна Зомер на мечот, откако цели 83 минути ги излудуваше ѕвездите на најтрофејниот германски клуб.