Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да му постави ултиматум на францускиот ас Килијан Мбапе за што побрзо да потпише прелиминарен договор со „кралевите“.

На напаѓачот на ПСЖ му истекува договорот по завршувањето на оваа сезона и од почетокот на јануари може слободно да преговара и да потпише договор кој ќе стапи на сила од лето.

Ова е целта на раководството на Реал Мадрид, каде до неодамна беа апсолутно сигурни во неговото пристигнување. Сепак, во последните денови се појавија информации дека Мбапе размислува за предлогот за краткорочен договор од Париз на две сезони, што ќе му донесе сериозно зголемување на платата.

Флорентино Перез наводно му порачал на Мбапе дека можноста да го облече дресот на Реал Мадрид е по завршувањето на оваа сезона или во спротивно никогаш нема да стане член на „кралскиот клуб“.