Новиот циклус на натпреварување во Лигата на нации започнува во јуни следната година, а бидејќи Македонија обезбеди бараж натпревари за Светското првенство, во март ќе ги одиграат овие два натпревари.

Планирано е ждрепката да се одржи на 16 декември, потоа ќе дознаеме со кои селекции ќе играме во групата. Шеширите на дивизијата „Ц“ изгледаат вака:

Прв шешир: Турција, Словачка, Бугарија. Северна Ирска
Втор шешир: Грција, Белорусија, Луксембург, Македонија
Трет шешир: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Четврти шешир: Казахстан или Молдавија, Кипар или Естонија, Гибралтар, Фарски Острови.