Веселин Вујовиќ во пресрет на натпреварот со ПИК Сегед изјави дека сите се здрави и спремни за борба, но на последниот тренинг, се променија работите.
Жереми Тото, Куни Моралес и Марко Мишевски нема да бидат дел од екипата на Вардар на вечерашната пресметка со ПИК Сегед, прва во рамките на ЛШ годинава. Втората е по една недела во Скопје.
Сите тројца ракометари се повредени и не се во Унгарија, а во прилог и комплетниот состав со кој ќе настапи Вардар на вечерашниот натпревар.