Македонското дерби во Бундес-лигата мина во знакот на тимот на Филип Кузмановски. Неговиот Хановер на гостувањето кај Штутгарт за кого настапува Жарко Пешевски славеше со убедливи 22-34 во меч од второто коло.
Домаќинот имаше сили речиси само за едно полувреме (14-18). Во вториот дел Хановер ја превзема контролата на дуелот, доминираше, за тоа говори и резултатот по овие 30. минути (8-16).
Кузмановски беше стрелец на еден гол од два обиди, истиот го постигна во првото полувреме. На другата страна, Пешевски запиша два гола од исто толку обиди. Прво име кај победникот беше Мартиновиќ со 11 гола.
Хановер со скор од шест победи и осум порази е на 12. позиција, додека Штутгарт се наоѓа над зоната за испаѓање.