Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски е во одлична форма, во вистинско време, токму пред стартот на Европското првенство. Неговиот тим, Хановер приреди изненадување во рамките на 18. коло во Бундес-лигата, на гости го совлада Рајн Некар со 25-31.
Кузмановски беше меѓу најдобрите кај Хановер, постигна пет гола од исто толку обиди a имаше и 4 асистенции. Заедно со Певнов и Хансен беа лидери кај гостите.
Тимот на македонскиот репрезентативец до победата дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме, кое го доби со 10-15 за седма победа оваа сезона.
Победа запиша и Филип Миркуловски, кој со Вецлар славеше на гостувањето против Либек со 25-28. Вецлар е на петото место на табелата со 11 победи, едно реми и шест порази.