Ракометниот репрезентативец на Македонија, Филип Талески со нетрпение го очекува стартот на Европското првенство во Германија.
Иако има само 27 години, тој безмалку една деценија е стандарден во националниот тим, а на овој шампионат има и една голема желба и цел.
„Играм за репрезентацијата од 2015 година, ова ќе биде мое петто Европско првенство и чувствувам дека е дојдено времето да покажам што умеам. Тренерот Кирил Лазаров јасно ми кажа дека од мене очекува да бидам еден од лидерите. Ќе одиме чекор по чекор, првиот натпревар ќе биде голем настан за целата нација и се фокусирам на тој момент“, истакна Талески.
Македонија е во група со европските и светски гиганти Германија и Франција, плус Швајцарија, а во следната фаза поминуваат најдобрите две репрезентации во групата.