Челзи доживеа пораз во првиот полуфинален натпревар од Лига-купот на Англија откако загуби на гостувањето кај Мидлсброу со 0-1.

Ова натпреварување е единствена можност за лондонскиот тим да дојде до трофеј оваа сезона, па затоа ќе мора во вториот меч, за две недели на домашен терен да одигра многу подобро и да дојде до триумф кој ќе го однесе до финале. Вечерва можеби можеше да се избори за подобар резултат, имаше 72% посед на топка и упати 17 шута, но не ја затресе противничката мрежа.

 

Единствениот гол беше дело на Хакни во 37. минута по еден од ретките излети на Челси на противничката половина.

 

Средбата тргна со мирно темпо, без премногу шанси пред двата гола. Почетино одбра најдобро што можеше и од скапите засилувања на клупата беше само Мудрик. Челзи имаше две солидни шанси преку Мадуеке и Палмер, меѓутоа откако не даде гол следеше казната.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Фулам кои својот прв натпревар ќе го одиграат утре на Енфилд.