Екипата на Баерн Минхен има кошмарна сезона зад себе, а денешниот пораз од Хајденхајм (2-3) дополнително ги разочара навивачите на актуелниот шампион, но затоа фановите на Баер Леверкузен се среќни бидејќи нивниот тим го дели само една победа од титулата во Бундеслигата.

Гигантот од Минхен тргна сигурно, постигна голови преку Кејн и Гнабри во првото полувреме за 2-0, по што многумина очекуваа дека лесно ќе остварат сигурна победа, меѓутоа Хајденхајм во вториот дел се разгоропади и стрелаше преку Сеса и Клаиндинст за целосен пресврт (3-2).

 

 

Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Унион Берлин со гол во осмата минута од судиското надополнување во првото полувреме, а стрелец беше Вирц од пенал за нови три бода на лидерот на табелата.

„Фармацевтите“ се први со 76 бодови на шест кола пред крајот на сезоната, додека Баерн Минхен има 16 бодови помалку од Леверкузен.