Против играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака, Националната агенција за криминал на Велика Британија покрена истрага.
Причината е жолтиот картон што го доби на крајот од натпреварот против Лидс на 18 декември 2021 година.
„Топчиите“ на тој натпревар славеа со резултат 4:1, а швајцарскиот репрезентативец наведениот жолт картон го доби во 86. минута поради одолговлекување на играта на својата половина.
Проблемот е што неименувано лице платило 52 илјади фунти дека капитенот на тимот од Лондон ќе добие жолт картон во последните 10 минути од натпреварот. Во продолжение можете да видите зошто Џака го добил тој картон и ќе ви биде јасно зошто е покрената истрагата.
Среќниот добитник по натпреварот беше побогат за 250 илјади фунти, но прашање е дали тие пари ќе може да ги задржи по завршувањето на истрагата.