Жoao Кансело (27), дефанзивецот на Манчестер Сити и на португалската репрезентација и можеби најдобриот страничен фудбалер во светот, откри дека бил жртва на тепање, кражба и тешка провала.

Тој синоќа на Инстаграм објави селфи на кое се гледаат крвави лузни и модринки на аркадата, челото и брадата:

“За жал, денес ме нападнаа четворица кукавици кои ме повредија и се обидоа да го повредат моето семејство. Ова ти се случува кога се спротивставуваш. Успеаа да ми го земат целиот накит и да ми го направат ова. Не знам како има толку многу злобни луѓе. За мене е најважното нешто e моето семејство и за среќа сите се добро. После толку многу препреки во животот, ова е само уште една што ќе ја надминам. ”

Иако Кансело не кажува во приказната каде се случил нападот, Манчестер Сити доцна синоќа соопшти дека фудбалерот и неговото семејство биле жртви на кражба во нивниот дом.

„Шокирани сме и ужаснати сме што Жоао Кансело и неговото семејство претрпеа кражба во нивниот дом минатата ноќ, при што Жоао беше нападнат. Клубот го поддржува Жоао и неговото семејство и тој и помага на полицијата во текот на истрагата за овој сериозен случај“, соопшти Сити.

https://twitter.com/ManCity/status/1476702201313734656?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1476702201313734656%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fas-cityja-pretukla-su-me-cetiri-provalnika-uzeli-su-mi-sav-nakit-i-uradili-mi-ovo%2F2329279.aspx

Актуелниот шампион и лидер во Премиер лигата утре ќе игра дерби на Арсенал, а се уште не се знае дали нивниот клучен играч кој доживеа шокантен напад ќе отпатува за Лондон. Кансело пред две и пол години од Јувентус се пресели во Манчестер Сити, а во спротивна насока замина Данило.