Барселона го одигра својот прв натпревар по заминувањето на Лионел Меси. Реал Сосиедад пристигна на Камп Ноу во првото коло од Примера.
Навивачите на Барселона се договорија во пресрет на натпреварот дека во 10 -та минута ќе скандираат и ќе аплаудираат за да му оддадат почит на Лионел Меси, најдобриот фудбалер во светот, кој летово ја напушти Барселона откако 21 година го носеше дресот со број 10 за Каталонски клуб во поголемиот дел од неговата кариера.
„Меси, Меси“ се слушаше од трибините на Камп Ноу, а навивачите мавтаа со неговите дресови и ги покажуваа пораките што ги напишаа за Аргентинецот кој кариерата ја продолжи во ПСЖ. Меси сакаше да остане во Барселона, но Каталонците немаа доволно пари да го задржат иако се согласи на многу помала плата отколку што имаше порано.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1426971040530403328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1426971040530403328%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-sto-su-navijaci-barcelone-napravili-u-10-minuti%2F2297440.aspx