Се помали се шансите Бразилецот Антони дресот на Ајакс летово да го замени со тој на Манчестер јунајтед, откако управата на холандскиот шампион ја одби и последната понуда на „ѓаволите“ вредна 90 милиони евра.
Ова донесе огромно разочарување кај фудбалерот, кој одамна ги има договорено личните услови со тимот од „Олд Трафорд“ и тоа за петгодишен договор. Антони веќе ја информира управата на Ајакс за огромната желба да се пресели во Англија, поради што не настапи на последниот меч на овој тим, но и тоа не ги премисли челниците на составот од Амстердам.
Англиските медиуми тврдат дека се помали се шансите овој трансфер да се реализира до четврток, кога официјално завршува летниот преоден рок, освен ако Јунајтед не се реши за очајнички потег односно за понуда далеку над 100 милиони евра.