Ланг и Гакпо за само 23 минути ѝ донесоа солидно водство на Холандија, но Џонсон ја врати неизвесноста само три минути подоцна, додека финишот беше ептен возбудлив, а најпрво Бејл од пенал погоди за 2-2 во 92. минута, но во следната минута Депај ги расплака гостите и стрелаше за 3-2.
Белгија ја совлада Полска на гостувањето во Варшава со погодокот на Батшуаи во 16. минута, па така остана во трка за првата позиција.
Холандија е прва со 10 бодови, по што следи Белгија со седум, Полска има четири, а Велс има еден бод.
БиХ вечерва одигра возбудлив меч против Финска, но сепак на крајот славеше со 3-2, додека Црна Гора ја уништи Романија со 3-0.
По три одиграни меча во групата прва е БиХ со пет бодови, по што следат Финска и Црна Гора со по четири, а Романија има три.
На останатите натпревари Украина ремизираше со Ирска (1-1), Луксембург одигра 2-2 со Фарски Острови, Турција славеше против Литванија со 2-0, а Лихтенштајн загуби од Летонија со 0-2.