Сер Алекс Фергусон се врати во Манчестер јунајтед девет години откако ја заврши тренерската кариера, па во иднина ќе има влијание на „Олд Трафорд“ затоа што ќе му биде советник на извршниот директор Ричард Арнолд.
Арнолд формирал советнички тим од пет членови, а еден од нив ќе биде Фергусон, кој ќе му помага во следните важни одлуки за екипата.
Фергусон пред некој ден учествуваше и во разговорите со Кристијано Роналдо, откако Португалецот со неговиот менаџер Жорж Мендеш пристигна во клубот.
Легендарниот тренер ги предводеше „црвените ѓаволи“ од 1986 до 2013 година, а притоа освои 13 титули во Премиерлигата и две во Лигата на шампиони (ЛШ).