Борусија Дортмунд ја отвори новата сезона со убедлива победа од 3-0, против Минхен 1860 во првото коло од германскиот Куп.
Дортмунд ја оправда фаворитската улога, а прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кога беа постигнати сите три гола.
Мален погоди во осмата минута, по што Белингам стрелаше за 2-0 во 31. минута, а конечните 3-0 ги постави Адејеми.