Манчестер јунајтед вечерва победи на непријатното гостување кај Барнли со 1-0 остварувајќи ја третата победа сезонава во Премиерлигата.
Барнли беше опасен во првото полувреме и се закани неколку пати, но Онана беше на висина на задачата, по што „црвените ѓаволи“ во 25. минута успеаа да постигнат гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Бруно Фернандеш беше херој на гигантот од Манчестер, откако во 45. минута со одличен волеј го матира голманот на Барнли за победа од 1-0.
Манчестер Јунајтед по шест одиграни меча се наоѓаат на осмата позиција со девет бодови, додека Барнли останува последен со еден освоен бод.