Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија и освои доволно бодови за да ја обезбеди титулата во конкуренција на конструктори.
Светскиот шампион на „Сузука“ стигна до 13. победа оваа сезона, а најблиску до Холанѓанецот беа Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен.
И додека Ферстапен доминираше на патеката, неговиот тимски колега Серхио Перез не ја заврши трката откако направи неколку грешки и го оштети болидот.
Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари, по што следуваше Луис Хамилтон од Мерцедес, па Карлос Саинц и Џорџ Расел.
https://x.com/F1/status/1705833658379038920?s=20