Виктор Давидовски ја отвори својата петта сезона во ТЦР Европа со денешната трка во Португалија, а успеа да освои поени уште на дебито со Ауди РС3 ЛМС, автомобил со кој првпат се натпреварува во престижното друштво.
Уште на почетокот Давидовски направи пробив за три позиции и се приближи до водечката десетка, за трката да ја заврши на тринаесеттата позиција, откако во меѓувреме не успеа да го неутрализира налетот на Мато Хомола.
Неговиот клупски колега и актуелен вицешампион Франко Џиролами, како дел од истиот тим го освои петтото место, додека својата доминација во квалификациите, во еден-два победа ја претворија Џек Јанг и Мајк Халдер, кои со Хонда Сивик Тајп Р немаа вистинска конкуренција во Португалија.
Покрај Јанг и Халдер, место на подиумот имаше уште и за Никола Балдан со Хјундаи Елантра Ен.
Втората трка во Португалија се вози утре од 15:15 часот.