Во Штип, Брегалница го зеде скалпот на новиот шампион Шкупи откако славеше со 4-1. Милан Џокиќ во 15.минута со удар со глава донесе водство за штипјани, а израмни Сандеј Адетунџи во 29.минута.
Штипјани во второто полувреме буквално го демолираа ноМилан Џокиќ во 48.минута од пенал повторно донесе предност за Брегалница, а Мартин Стојанов во 75.минута беше стрелец на третиот гол за домаќинот. Во завршницата, Марјан Алтипармаковски од пенал го постави конечниот епилог, 4-1 за Брегалница.
Голманот Денковски при резултат 2-1 му одбрани пенал на Фреди Алварез.