Фудбалерите на Рома играат одлично под водство на новиот стратег Даниеле Де Роси и повторно се вратија во трката за позициите кои водат во Лигата на шампиони, откако вечерва славеа со 4-1 против Монца.
Пелегрини и Лукаку беа стрелци на двата гола во првото полувреме за Рома, додека во вториот дел стрелаа Дибала и Паредес за убедливо водство од 4-0, по што Карбони намали на 1-4 во 87. минута.
Рома е на петтата позиција со 47 бодови, односно еден помалку од четвртопласираната Болоња, додека Монца е на 11. место.