Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и нејзината партнерка Ирина Хромачева доживеаа пораз во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот во Загреб, Хрватска.
Лина и Ирина како трети носителки се соочија со Анастасија Детлуц од Чешка и Катарина Завацка од Украина и по два часа игра загубија со 2-1 во сетови. Чешко-украинската комбинација поведе со 1-0 откако го заврши сетот со 6-4, но во вториот стигна одговорот од Ѓорческа и Хромачева кои по тај-брејкот (7-5) израмнија на 1-1 и со тоа се изборија за решавачки сет.
Во исиот Детлуц и Завацка за нијанса беа подобри и со 11-9 се изборија за титула на турнирот што се игра на земјена подлога и награден фонд од 60.000 долари.