Ања Лукиќ, одбојкарката на Раднички 1977 од Крагуевац, на мечот против Техничар од Краљево забележа неверојатни 25 последователни ас сервиси.
Овој дуел ќе остане запаметен по последниот сет што крагуевчанки го добија со 25:0, и тоа сите поени преку асови.
Младата техничарка на Раднички, постави нов рекорд во ас сервиси. Досега тој беше број 15, а по денешниот натпревар тој број се искачи на 25. Девојката остана на сервис линија од самиот почеток до крајот на сетот, што е речиси неверојатно.
„Во нашиот тим јас сум најсигурниот играч кога станува збор за сервисот, но имав некои грешки, веројатно поради притисок. Во третиот сет сите играчи се заинатија и јас застанав на сервис , па во главата ми дојде дека треба да се покажам токму сега. „Тренерот ми рече само да го уфрлам сервисот, а потоа да засилам, но асовите почнаа да се редат. Мислам дека во одреден момент противничката екипа ја загуби концентрацијата, што беше уште поголем мотив за продолжи добро да сервирам“, рече техничарката на Раднички.
Најголема поддршка за крагуевачанката е нејзиниот татко кој не можел да присуствува на натпреварот. Можеби не беше физички таму, но беше во нејзиниот ум додека таа постигнуваше поени со нејзините феноменални сервиси.
„Постојано размислував за татко ми и тој нон-стоп ми беше во главата. Тато секогаш ме следеше, а сега не можеше да дојде и него му ги посветив сите поени. Последниот поени кога го освоивме, сите играчи на тимот скокна , секоја од нив се гордееше со мене, како и нашиот тренер“, изјави Лукиќ.
Единствено што и пречеше на оваа талентирана одбојкарка беше жештината во салата, но и тогаш не се откажа од намерата да направи необичен потфат и да има сет за паметење.
„Во еден момент ми беше премногу топло, го погледнав судијата и сакав да му кажам да почека малку за да дојдам до воздух. Сепак, не дозволив тоа да ме вознемири, собрав сили да продолжам. Никогаш не сум освоила 25 поени“, мојот рекорд беше 15 и кога стигнав до таа бројка си помислив дека морам да достигнам барем најмалку до 20 поени. Успеав да издржам до крајот на сетот и не можам да опишам колку ми беше убаво“, заклучи младата Лукиќ.