Македонскиот репрезентативен стопер Дарко Велковски е пред трансфер во Турција и тоа во Анкарагучу, па сѐ поизгледно е дека најбројна ќе биде македонската колонија на репрезентативци во оваа земја.
Велковски е слободен играч откако му заврши договорот со Риека каде мина четири години по доаѓањето во летото 2018 година од Вардар и според информации на турскиот новинар Осман Ченгиз, веќе се остварени контакти и Aнкарагучу преговара со Велковски за да го ангажира за следните сезони. Овој клуб беше најдобар минатата сезона во Втората лига и сега има амбиции подолго да биде дел од турската елита.
Еџзјан Алиоски е пред трансфер во турскиот првак Трабзонспор, а во елитното друштво ќе игра и Валон Етеми, откако со Истанбулспор обезбеди пласман во турската елита. Неизвесно е дали и Адис Јаховиќ ќе продолжи во елитното друштво, зашто Гирусенспор беше заинтересиран за да го ангажира, но центарфорот му дава приоритет на Гецтепе за останување ако биде во плановите на новиот тренер, без оглед што ќе игра во Втората лига.
Инаку во елитното друштво на Турција сезонава се очекува деби на Бесир Гуџуфи, кој потпиша петгодишен професионален договор со Бешикташ и ќе биде дел од првиот тим откако наполни 18 години, како и Арда Окан Куртулан, бисерот на Фенербахче, кој во последното коло дебитираше за првиот тим на Фенербахче.