Заостанатото дерби од 14. коло од овогодинешниот фудбалски шампионат на Хрватска помеѓу екипите на Ријека и Осијек заврши без голови предмалку со резултат 0:0.
Лидерот на табелата во шампионатот, тимот на Ријека чија одбрана ја командува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не успеа да забележи уште еден триумф на домашен терен но од друга страна не ни загуби па на тој начин ја одржа предноста од само еден бод на табелата токму од тимот на Осијек.
Ријека сега има 37 бодови пред Осијек кој има бод помалку, додека пак Хајдук на Јани Атанасов е трет со 33. Динамо на Аријан Адеми и Стефан Ристовски е четврти со 31 бод.