Фудбалерот на Лацио и српски репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ, покрај одличните игри на теренот, се издвојува и надвор од него.
Имено, за разлика од соиграчите од тимот кои возат суперавтомобили, како Порше, Ферари и Мерцедес, српскиот репрезентативец и офанзивен играч за врска на римскиот клуб е еден од ретките исклучоци.
Тој избра нешто скромно за движење низ улиците ба Рим, а тоа е Fiat Abarth 500 или кај нас познат како Фиќо.
Иако заработува милиони, скромниот Сергеј вози автомобил од 20.000 евра.
Србинот е вљубеник и во картингот, а со својот поранешен тренер и сегашен стратег на италијанскиот шампион Интер Симоне Инзаги беше еден од најдобрите во „летечките кругови“.
Од друга страна, на пример, напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, претпочита автомобили со голема моќност. Суперлуксузните автомобили во кои е виден зад воланот се: Lamborghini Urus со 650 коњски сили (HP) и Ferrari 488 Gtb со максимална моќност од 670 КС и максимална брзина од 330 километри на час.