Поранешниот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски го спаси тимот на АЕК Ларнака од пораз во дербито за титула со АПОЕЛ Никозија. Тричко постигна гол во финишот за реми 2-2, и го остави својот тим во трка за шампионската титула.
Ова беше десетти гол сезонава во кипарското првенство и многу значаен, зашто со пораз АПОЕЛ ќе избегаше на плус седум во плејоф групата за титула, со ремито најтрофејниот кипарски клуб останува на достижни четири бода разлика.
Македонскиот интернационалец влезе во игра на почетокот на второто полувреме. Квилитала даде два гола за АПОЕЛ за пресврт во првиот дел, после водството на АЕК со погодок на Гирско по десет минути игра. Во финишот на натпреварот Тричкоски го постигна израмнувачкиот гол во 89 мин. со што избори бод во дерби пресметката.
АЕК остана трет со 58 бода, два помалку од Арис, а четири од АПОЕЛ во трката за шампионската титула.