Во француската кошарка се појави бисер кој допрва треба да блесне на светската сцена. Станува збор за 19-годишниот Виктор Вембанјама, кој игра во Монако. Младиот талент имаше промоција сезонава во домашното првенство, а допрва се очекува да дебитира во Евролигата, па се очекува наскоро да заигра и во НБА-лигата.
Вембанјама на вчерашниот меч против Булоњ одигра 35 минути, во кои постигна осум поени, а имаше и 14 скока. Монако победи лесно и убедливо со 87:68 во натпревар на двете најдобропласирани екипи во француското првенство, а Вембанјама го имаше потегот не само на мечот, туку можеби и на сезоната во Франција.
Тинејџерот висок 220 сантиметри се обиде да погоди тројка, но откако промаши, направи потег за неверување. Вембанјама тргна кон кошот, топката се одби од обрачот и високиот кошаркар не само што ја фати, туку и атрактивно ја заби во кошот.