Далас славеше со 113-111 на гостувањето кај Бруклин во рамки на НБА-лигата.

Херој на гостите беше Спенсер Динвиди кој постигна тројка во последната секунда од средбата за да го победи својот поранешен тим. Тој го заврши натпреварот со 22 поени, додека најдобар беше Лука Дончиќ со 37 поени. Кај Нетс, Кевин Дурент беше најефикасен со 23 поени и 10 асистенции.

 

Минесота дојде до својата деветта победа на последните десет натпревари и тоа откако го совлада Лос Анџелес лејкерс со 124-104. Карл Ентони Таунс имаше 30 поени, Ентони Едвардс стигна до 27 поени, додека кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 19 поени.

 

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до триумф од 127-109 на гостувањето кај Вашингтон. Српскиот центар реализираше 29 поени и 13 скока и дојде до вкупно 10.001 поен во НБА-кариерата.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Атланта 116-106
Кливленд – Филаделфија 114-118
Њујорк – Портланд 128-98
Хјустон – Феникс 112-129
Сан Антонио – Оклахома 122-120
Јута – Чикаго 125-110
Голден Стејт – Бостон 88-110
Сакраменто – Милвоки 126-135
ЛА Клиперс – Торонто 100-103