Италијанскиот првак Интер тргнува во офанзива за ангажман на напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але. Тој оваа сезона за „копјаниците“ постигна 32 гола на 34 натпревари и блескаше во групната фаза од Лигата на шампионите.

Фантастичниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го воодушеви целиот свет, а раководството на италијанскиот клуб особено внимание посвети на неговите игри.

Раководството на Интер е подготвено да плати 35 милиони евра за неговите услуги и да ги задоволи апетитите на Ајакс.

Але дојде во Ајакс од Вест Хем во јануари 2021 година за 22 милиони евра.