Германскиот првак Баерн Минхен, кој е казнена експедиција во Бундеслигата, попладнево го наполни Бохум до врв на гостувањето, за трета победа во третиот меч, откако домаќините добија седумка (7-0) од баварските ѕвезди, кои уште до полувреме дојдоа до победата.
Баерн има неверојатна статистика после три кола во Бундеслигата со три победи и пет дадени гола во просек, со гол-разлика 15-1 во овие први 270 бундеслигашки минути, а денеска сѐ почна по само четири минути кога Лирој Сане ја најави победата, а до полувреме Бохум доби уште три парчиња. Следеше Матијс Де Лихт во 25-та, па Кингсли Коман во 35-та, за печат на првиот дел да стави Садио Мане.
И иако Баварците имаа убедлива победа во рака по првиот меч и можеа само формално да играат во вториот, гладта за голови на Баварците продолжи, па Мане додаде втор гол во 60-та, девет минути потоа Гамбоа си даде автогол, а Серж Гнабри во 76-та погоди и седми пат.